Утрински Весник
Свет

Италија ќе даде една милијарда евра стимулации за купување автомобили

Elektricni Vozila Avtomobili Koli.jpg

Итлија оваа година ќе обезбеди 950 милиони евра стимулации за граѓаните да купуваат почисти автомобили со цел да го заживее производството во автомобилскиот сектор преку поддршка на побарувачката.

Рим ќе обезбеди до 13.750 евра субвенции за граѓаните со најниски примања за да им помогне да купат ново, целосно електрично возило по цена до 35.000 евра без ДДВ, соопшти денеска Министерството за индустрија.

Истата приходна група ќе има право на стимулација до 10.000 евра за нов plug-in хибрид кој чини до 45.000 евра.

Владата ќе даде стимулации и за набавка на најсовремени возила со мотори со внатрешно согорување, но тие ќе бидат помали.

Досега граѓаните за набавка на електрични возила можеа да сметаат само на најмногу 5.000 евра.

Стимулациите се дел од програмата за помош на автомобилската индустрија што ја објави Владата во 2022 година. Вкупната вредност на мерките е осум милијарди евра.

Објавувањето на новите стимулации се совпадна со владиниот судир со автомобилскиот гигант Стелантис, сопственик на Фиат.

Премиерката Џорџа Мелони минатата недела рече дека Стелантис, производителот на Фиат кој работи и во Франција и во Америка, понекогаш правел деловни потези штетни за националните интереси на Италија.

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Таварес, одговори дека италијанските стимулации за развој на електрични возила се помали од оние во другите големи европски земји, а таквата политика го попречува производството.

Од минатото лето, Рим и Стелантис преговараат за долгорочен план што би го променил трендот. Целта е да се зголеми производството на Стелантис во Италија на еден милион возила. Минатата година произвеле околу 750.000 од нив.

„Производството е тесно поврзано со побарувачката на пазарот и ако сакаме да исполниме одредени цели, мора да се грижиме и за потрошувачите и за производителите“, рече шефот за корпоративни работи на Стелантис Италија, Дејвид Меле на состанокот со владини претставници и синдикатите.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж