Утрински Весник
Култура

Мицкоски: Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на нов Клинички центар во Штип и Скопје, и укинување на економските директори на клиниките

Работа за која сакам да зборувам е дуализмот кој што е присутен во Клиничкиот центар во Скопје. Таму има врзани потписи и економски директори и тоа е една конфузија која што буквално на никој не му е јасно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар, кажа претседателот Христијан Мицкоски на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство.

Toj рече дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгради Клиничкиот центар во Скопје и Штип.

-Да сакам да знаете дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сработи нов Клинички центар, но не можеме да кажеме колку тоа ќе чини бидејќи зависи од фискалниот услов и да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши Клиничката болница овде во Штип. Тоа сигурно јас ви го кажувам. Ние се трудиме да водиме државна политика, истакна Мицковски.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“