Утрински Весник
Свет

Централна Норвешка беше погодена од најсилното невреме во повеќе од три децении

Download 3.jpg

Централна Норвешка во текот на ноќта беше погодена од најсилното невреме во повеќе од три децении, со ветрови кои достигнуваа брзина и до 180 километри на час, придружени со силен дожд, што доведе до поплави, сообраќаен хаос и прекин на електричната енергија.

Норвешките метеоролози ја нарекоа бурата Ингун, а беше издадено црвено предупредување за арктичкиот регион. Автобус со 14 патници излетал од патот во близина на Лаердал, град североисточно од Берген, а нема повредени, соопшти полицијата.

Некои области беа поплавени, а авиокомпаниите и операторите со траект привремено ги прекинаа услугите, пренесе АП. Поради невремето во средата и денеска затворени се многу училишта и патишта. Полицијата соопшти дека неколку прозорци на хотел во Бодо, град во округот Нордланд, биле скршени во невремето.

Претставниците на осигурителната компанија рекоа дека е премногу рано да се проценат штетите од невремето. Невремето ја погоди истата област како и новогодишниот ураган од 1992 година, една од најсилните бури во историјата на Норвешка, потсетува весникот VGba.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена