Утрински Весник
Македонија

Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар

Lisiczi.jpg

На 22.09.2026 во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул.„Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 23.09.2026 во 00:10 часот на подрачјето на Бутел во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.И.(24), Џ.Љ.(26) и Р.Б.(21) од с.Света Петка, скопско, како и А.Џ.(20) од с.Сарај, скопско. Тие се сомничат дека запалиле огномет на нива, по што настанал пожар од кој изгорела сува трева на површина од околу 1000 метри квадратни. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


Можете да прочитате

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево