Утрински Весник
Македонија

Ирена Мулачка од Фокус ја доби првата награда на ЕУ за најдобра истражувачка сторија за Онкологија

Mulacka.jpeg

Новинарката Ирена Мулачка од редакција Фокус ја доби првата награда на ЕУ за најдобра истражувачка сторија за скандалот со Онкологија.

– Реално годинава се навикнав на наградите, но многу ми е жал што баш таа сторија за онколошките пациенти е приказна која е најважна во општеството годинава. Во целата приказна, вработените на онкологија се охрабрија да учествуваат во сторијата и да зборуваат за тоа што се случувало таму. Искрено се надевам дека малку од малку успеав оваа приказна да помогне на пациентите во Македонија и се надевам дека до крај на годината ќе има правна разврска. Благодарност до редакцијата Фокус, до жирито и до моето семејство- истакна првонаградената новинарка на Фокус.

Победниците на кои сертификатите им ги додели амбасадорот Рокас беа прогласени во следниот редослед:

3. место:
Александар Методијев и Сузана Мицева за сторијата „Кревките Шуми“ која истражува нелегална сеча на шуми и институционална негрижа за животната средина.

2. место:
Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД, ТВ Телма која открива фамилијарни врски и злоупотреби од високи функционери.

1. место:
Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“ со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти.

Церемонијата за доделување на Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024 организирана се одржа во петок, 18 октомври 2024 во Скопје на која беа наградени најдобрите стории објавени во Македонија. Престижната награда поддржана од Европската Унија ги препознава најдобрите истражувачки стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција.




Можете да прочитате

ЦО на СДСМ најави 30-ти Конгрес: Ново раководство, нови политики и засилена структура со два организациски секретари

Таравари даде рок до јануари 2025 за уставните измени

Петрит Сарачини, Жарко Трајановски, Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“