Утрински Весник
Свет

Иран: Разбивме шпионска мрежа водена од Израел и САД

Iran 3.jpg

Мрежа водена од американските и израелските разузнавачки служби е идентификувана во земјата и разбиена, соопшти разузнавачката служба на иранската Револуционерната гарда.

Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на координиран начин во неколку провинции, но не е прецизиран датум, точни локации и дали имало апсења.


Во јуни, Израел започна напади врз Иран, при што загинаа неколку стотици луѓе, вклучувајќи високи воени функционери и нуклеарни научници. Техеран возврати со ракетни и беспилотни летала напади врз Израел, каде што беа убиени повеќе од 25 лица. САД, сојузник на Израел, исто така извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран.

Прекинот на огнот меѓу Иран и Израел е во сила од 24 јуни.

Иранските власти минатите месеци соопштија за неколку апсења поради шпионажа и егзекуција на неколку лица осудени за соработка с Мосад.

Можете да прочитате

Лавров предупредува: Воено-биолошките активности на голем број земји придвижуваат сериозни прашања

Писмо на Фицо до Фон дер Лајен: Огромен пораст на цените на горивата во Европа, а ЕУ е загрижена само за Украина

Бразил, Германија, Индија и Јапонија побараа итна реформа на Советот за безбедност на ОН