Утрински Весник
Македонија

ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата

Struja Evn Merilo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ).

Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена, наведуваат, беше резултат на бројни поплаки од потрошувачите за паушално отчитување кое не соодветствува со реалната потрошувачка.


РКЕ има обврска да го заштити правото на потрошувачите за фер наплата според реалната потрошувачка на електрична енергија. Отчитувањето мора да се врши месечно, како што е предвидено за сите останати категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција.

Продажбата на дистрибутивната мрежа на EVN беше мотивирана од потребата за модернизација и инвестиции, вклучувајќи воведување на дигитални броила со автоматско и далечинско отчитување. Ова требаше да обезбеди месечно фактурирање според реалната потрошувачка, намалување на грешките и подобрување на наплатата.

Затоа, РКЕ треба да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата!, стои во соопштението. 

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника