Утрински Весник
Македонија

Мицкоски повторно во посета на Унгарија

Mickoski pres .jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денес престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.
 
Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.
 
Потоа, премиерот ќе има свое обраќање на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија”, каде ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.
 
Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч