Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

Tripunvoski.png

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Бизнис 21″, истакна дека системот функционира и дека нема заштитени лица, без разлика на нивната функција.

„Она што е важно е дека системот функционира, нема заштитени лица од позиција на функционери, секој кој што ќе го прекрши законот ќе одговара независно дали е од актуелната власт од било која позиција, така е и со овие два случаи”, нагласи министерот.


Тој направи споредба со минатото, посочувајќи дека тогашната власт, како што рече, се обидувала да заштитува и игнорира индиции за злоупотреби и криминал, додека денес, не е така.

Министерот додаде дека никој не е и нема да биде над законот, нагласувајќи дека законите мора да се почитуваат и секој што ќе се огреши треба да сноси одговорност.

„Би сакал да ги охрабрам сите граѓани независно дали се земјоделци, дали се бизнисмени, ако имаат индиции за злоупотреба и дејствување надвор од законот, веднаш да пријават и веднаш ќе се делува”, порача министерот Трипуновски.

Министерот нагласи дека не чувствува одговорност, единствено чувство што го има е дека треба законот да делува подеднакво за сите.

„Ваквите постапки на Владата каде што се бори против корупцијата, треба да се поздрави”, истакна тој.

Можете да прочитате

Холанѓанец приведен во Центар: Пријавен дека шетал со пиштол и правел инциденти

За десет години бројот на новороденчиња паднал за речиси 30 проценти

Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува