Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДСМ

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна.


Можат да бидат иронични за анкетите но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва.

Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДС е под 5% доверба.

Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски останува стабилна, и тоа не е поради кампањи туку поради перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.

Граѓаните можат да направат разлика.

СДС има само фасада позади која стојат истите структури, истите луѓе и истите лоши пракси и не можат да ја избришат колективната меморија за периодите на економска нестабилност, двоцифрена инфлација и одлуките кои директно ги засегнаа националните интереси.

Особено кога станува збор за Филипче, чиј профил останува обременет со скандали кои не може да се покријат со ниту еден пи-ар.

Кризата во која се наоѓаат не е резултат на никакви напади, како што стои во нивните соопштенија, туку на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство. Тоа што се сведени на неколку проценти доверба е поради длабоко разочарување кај граѓаните.

СДС е против СДС, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува

ВЛЕН: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Маж од Гостивар демнел 15-годишно девојче