Утрински Весник
Спорт

Играч од 100 милиони евра не знае да погоди празен гол

Играч од 100 милиони евра не знае да погоди празен гол

Ливерпул, во Амстердам, го потврди пласманот во осмина-финалето во Лигата на шампионите. „Црвените“ го победија Ајакс со 3:0.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот ќе се памети и по нестварното промашување на напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Во 44. минута Уругваецот ја прими топката на пет метри, голот беше празен, а тој ја погоди стативата.

Нуњес грешката ја исправи во второто полувреме кога го постави конечниот резултат.

Уругваецот во летниот преоден рок го засили Ливерпул. Клубот за него на Бенфика и плати фиксни 80 милиони евра, а во зависност од исполнувањето на бонусите трансферот може да достигне максимална сума од 100 милиони евра.

 

Можете да прочитате

Аргентина ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија

Вечерва Англија и Аргентина за влез во финалето

Шпанија во финалето на Светското првенство