Утрински Весник
Македонија

158 санкции за брзо возење

158 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 62 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Македонија треба да има една изборна единица

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи