Утрински Весник
Свет

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

B2074617 e546 4218 a6fa dc7f1ca44195.jpg

Најмалку две лица загинаа во обилните дождови и поплавите што ја погодија источна Шпанија.

Улиците во неколку градови се претворија во порои што однесоа автомобили, а жителите на Валенсија и околните области добија вест од властите да останат дома и да избегнуваат патувања. Спасувачките служби евакуираат луѓе од поплавените куќи, вклучувајќи ги и оние што побарале засолниште на покривите.


Снимките објавени од валенсиската метеоролошка служба покажуваат поплавени улици и силни порои што носат возила во градовите во провинциите Валенсија и Аликанте.

„Не е можно безбедно да се патува, мора да се остане дома. Интензивните, континуирани дождови предизвикуваат големи поплави“, рече Хуан Карлос Валдерама, раководител на цивилната заштита за регионот Валенсија.

Во некои области наврнаа повеќе од 500 литри дожд на квадратен метар.

Според регионалните власти, во некои делови од источна Шпанија од недела навечер наврнале повеќе од 500 литри дожд на квадратен метар.

Ова одговара на повеќе од 500 милиметри врнежи, кои брзо ги оставија улиците и патиштата под вода.

„Од синоќа, во некои области наврнаа повеќе од 500 литри на квадратен метар. Затоа, ве молиме следете ги препораките, бидејќи многу луѓе се заробени“ и чекаат спасување, предупреди Валдерама.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија