Утрински Весник
Спорт

Ибањез пак со „глупост“ во дербито, Лацио ја победи Рома

Ибањез пак со „глупост“ во дербито, Лацио ја победи Рома

Лацио стигна до 1:0 победа над Рома, вторпат оваа сезона во „Дерби дела капитале“, за да се искачат на второто место на табелата (барем до вечерашното дерби Интер-Јувентус).

dobivaj vesti na viber

Трагичар на мечот беше Бразилецот Роџер Ибањез, кој го продолжи својот ужасен скор против Лацио, добивајќи црвен картон во првото полувреме. Ибањез прво рано доби жолт картон, за во 32. минута да добие и црвен картон за да го остави својот клуб на „цедило“. Ова беше нова „глупост“ на Ибањез против Лацио, откако неговата катастрофална грешка донесе гол во првото градско дерби оваа сезона, а во јануари 2021 година буквално подари два гола.

Теренската предност дојде во прв план во 65. минута, кога Матија Ѕакањи по одличната асистенција од Фелипе Андерсон, го совлада Руи Патрисио за водство и за голема победа.

Можете да прочитате

Надал за првпат елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Конте станува најплатениот тренер во Серија А

Синер ја помина првата пречка на Ролан Гарос