Утрински Весник
Свет

Хутите се заканија дека ќе ја нападнат Италија

Huti3.jpg

Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен, изјави во интервју, висок функционер на јеменските Хути поврзани со Иран. Мохамед Али ал-Хути, шеф на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, за дневниот весник „Ла Република“ изјави дека Италија мора да биде неутрална во израелско-палестинскиот конфликт и да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз Газа. Тој додаде дека прекинот на војната во Газа ќе биде единствениот начин да се постигне мир во регионот. Италија во петокот соопшти дека ќе обезбеди адмирал да командува со поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море, на која и се придружила за да ги заштити бродовите од нападите на јеменската милиција на Хутите. Мандатот на мисијата, која ќе започне во средината на февруари, ќе биде заштита на комерцијални бродови и пресретнување напади, но нема да учествува во нападите врз Хутите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Можете да прочитате

Фронтекс: Речиси 110.000 нерегуларни преминувања на границите на ЕУ, пад од 29 проценти

ЕУ заплени танкер од „руската флота во сенка“

Над 2.000 мигранти пристигнаа на Канарските острови за 48 часа