Утрински Весник
Македонија

Законското решение за полагање на правосудниот испит испратено до Венециската комисија, се чека мислење

Sud.webp.webp

Владата веќе изготвила законско решение за полагање на правосудниот испит и го доставила до Венециската комисија за мислење.

Решението предвидува секој оној што стекнал право да заврши високо образование – правен факултет во Македонија на јазик што се разликува од македонскиот, му се дава можност усмениот или таканаречен теоретски дел, на кој се полагаат предмети од додипломските студии, да ги полага на јазикот на кој го оформил своето високо образование доколку тој се разликува од македонскиот. Тоа може да биде албански, турски и англиски.


Но, како што појасни на денешниот брифинг премиерот Христијан Мицкоски, вториот дел од предметот, а тоа е писмениот дел од предметот кога станува збор за симулирање два судски случаи, едниот е кривично, другиот од граѓанско право, ќе се полага на македонски јазик бидејќи, како што нагласи, јасно е мислењето на Венециската комисија дека двојазичност во правосудниот систем не е дозволена, а ова е симулација на таков процес.

Затоа, нагласи, тогаш сите студенти, без исклучок, ќе го полагаат овој дел на македонски јазик. Тоа, рече, е предлогот што е упатен во Венециската комисија за мислење. Доколку предлогот биде оценет негативно, Мицкоски нагласи дека ќе се бара друго решение.

Доколку предлогот добие зелено светло од Венециската комисија, ќе се најде пред пратениците, каде што ќе треба да биде усвоен. 

Можете да прочитате

Предвремени парламентарни избори и одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата, вели Мицкоски

Четирите тинејџерки кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров одат во воспитно-поправен дом

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност