Утрински Весник
Свет

Хамас: Се водат жестоки борби со израелските сили во Појасот Газа

Hamas.jpg

Борци на палестинската групација Хамас водат „жестоки борби“ против израелските сили во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на Рафа, соопшти портпарол на движењето.

Во соопштението, објавено на апликацијата Телеграм, се истакнува дека движењето Хамас сè уште е активно во областите каде израелската армија го проширува својот контролен простор, 19 месеци по почетокот на воените дејства во Појасот Газа.


Хамас ретко информираше за борби околу Рафа во изминатите месеци, при што повеќето судири беа во источните делови околу градот Хан Јунис и во северните делови на енклавата.

На почетокот на месецов Израел најави дека планира да ја прошири операцијата во Појасот Газа.

Израелските сили ги обновија воените дејства во март, по завршувањето на кревкото примирје, договорено со посредство на САД, со кое борбите беа прекинати шест недели

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“