Утрински Весник
Свет

На Непал му се потребни 4,78 милијарди долари за обнова по поплавите и свлечиштата

20260828101059 big 730x400 20.webp.webp

По разорните поплави кои го погодија регионот Расува и околните области близу границата на Непал со Кина на 26 август, во кои загинаа 1.385 луѓе, потребни се приближно 4,78 милијарди долари (околу 4,1 милијарди евра) за обнова, соопшти непалското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека вкупната штета која ја предизвика поплавата изнесува приближно 1,8 милијарди долари, со проценети загуби од околу 883 милиони долари и дека вкупната проценета потреба за обнова е приближно 4,78 милијарди долари, пренесоа медиумите во Непал.


За обнова во рок од шест месеци потребни се приближно 57,67 милиони долари, а за долгорочна обнова приближно 4,71 милијарди долари.

Најмалку 12 хидроелектрични проекти се затрупани со кал и наноси, а цели села исчезнаа откако уривањето на глечерот во близина на границата меѓу Непал и Тибет на 26 август предизвика налет на вода, кал и наноси сличен на цунами, кој потопи делови од земјата.

Разурнувањата во долините под глечерот опфаќаат прекугранични трговски патишта, сообраќајници, мостови, куќи и друга инфраструктура кои беа однесени од свлечиштата.

Спасувачите извлекоа 1.385 тела, додека околу 5.130 луѓе сè уште се водат како исчезнати, соопшти вчера државната служба за вонредни ситуации. На Тибет загинаа 43 луѓе, а 519 се водат како исчезнати, според наводите на кинеските државни медиуми.

Вкупниот биланс на жртви изнесува 1.428 загинати и повеќе од 5.649 исчезнати, вклучувајќи и околу 800 странци, меѓу кои има туристи и аџии.

Поплавите во регионот Расува во Непал уништија десетици мостови, оштетија патишта и доведоа до распоредување хеликоптери за операции на потрага и спасување.

Американскиот геолошки завод, кој првично наведе дека во регионот се случил земјотрес пред поплавите, ги ажурираше своите податоци и наведе дека изворот на сеизмичката активност со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала бил колапсот на глечерот.

Стручњаците од Меѓународниот центар за развој на планините, со седиште во Катманду, изјавија дека поплавата била предизвикана од лавина која ја покренале фрагменти од глечерот кои се откачиле од планинското подрачје.

Можете да прочитате

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД

Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска