Утрински Весник
Македонија

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграција на Македонија во ЕУ клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграција на Македонија во ЕУ клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион
300x250 (7)

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот.

dobivaj vesti na viber

За време на конструктивната средба се дискутираше околу одлуките кои Владата ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Северна Македонија го дава за земјите во регионот.

300x250 (7)

Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Северна Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот.

Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките кои беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ. Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД.

На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула