Утрински Весник
Свет

Граѓански протест во Софија за одбрана на Христијан Пендиков

Граѓански протест во Софија за одбрана на Христијан Пендиков

Стотина граѓани се собраа на протестот пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на претепаниот македонски Бугарин, Христијан Пендиков во Охрид, јави репортерот на агенцијата БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

На протестот се приклучија и граѓани и членови на јавноста, како и поддржувачи на партијата ВМРО. Тие се изјаснија против дискриминацијата на Бугарите во Македонија.

Демонстрантите бараат прекин на насилството врз Бугарите, кое е зголемено во последните месеци. Тие ги повикуваат властите во РСМ да преземат мерки за запирање на јазикот на омраза кон граѓаните кои се изјаснуваат дека имаат бугарско потекло.

Поворката се упати кон зградата на Македонскиот културен центар, лоцирана на улицата „Обориште“. Таму демонстрантите донесоа црвени рози. Тие избраа црвени рози бидејќи од една страна ја симболизираат непотребно пролеаната крв, а од друга се симбол на љубовта, информираат од БГНЕС.

Пендиков, на 19 јануари вечерта бил нападнат одзади од три лица пред ресторанот „Тино“ во Охрид.

Се очекува утре Пендиков во Софија да го посетат министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија, Николај Милков и Бујар Османи.

Можете да прочитате

Екс полицајци обвинети за убиство

Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Трамп: Прво тенкови, па потоа нуклеарно оружје