Утрински Весник
Спорт

Алегри и легендите на Јуве по драстичната казна: Важно е да бидеме обединети

Алегри и легендите на Јуве по драстичната казна: Важно е да бидеме обединети
300x250 (7)

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри побара единство меѓу играчите и навивачите на славниот италијански клуб, откако вчера „бјанконерите“ добија казна од 15 поени од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и паднаа на 10. место на табелата, а нивните сегашни и поранешни директори добија суспензии од фудбалот, вклучувајќи ги Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Маурицио Аривабене.

dobivaj vesti na viber

Алегри прво им се обрати на навивачите на Јувентус.

300x250 (7)

„Утре имаме важен меч со Аталанта, посебен по тоа што се случи вчера. Сите мораме да стоиме обединети, да продолжиме да работиме. Мораме да мислиме само на работите кои се случуваат на теренот. Уште треба да освојуваме поени. Ако победиме утре може да сме седми, а потоа тука е и Лига Европа, Копа Италија. Мораме да го дадеме максимумот. Дали можеме да играме поопуштено? Во Јувентус никогаш не е така. Следната недела ќе се вратат Погба и Влаховиќ. Пред вчерашната одлука имавме 37 поени со шанси за Лигата на шампионите, а можеби и титулата. Сега има жалба и конечната одлука ќе дојде за два месеци, во кои мораме да си ја завршиме нашата работа“, вели Алегри.

Поддршка за клубот дадоа повеќе сегашни и поранешни фудбалери на клубот. Капитенот, Леонардо Бонучи на Инстаграм се обрати кон навивачите: „Ние сме со вас, денеска е уште поважно да бидеме тим. Напред по нашиот пат“. Со свои пораки на поддршка се јавија и Данило, Мануел Локатели, Матија Перин, Николо Фаљоли и Фабио Мирети.

Поранешниот дефанивец Џорџо Кјелини порача: „Кога си дел од Јувентус, тоа е засекогаш“, додека поранешниот фудбалер од средниот ред, Клаудио Маркизио се чудеше зошто осумте тимови кои беа обвинети се ослободени.

„Капитална добивка – во екомонскиот жаргон тоа е раст на вредноста, позитивна разлика. Да повториме дека Јувентус е единствениот казнет, кога тоа го правееа сите клубови“, вели Маркизио.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Ирански ММА борец удри ринг-девојка, потоа доби ќотек и внатре и надвор од кафезот

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“