Утрински Весник
Свет

Гледал филм, па пукал од ракетен фрлач: Српската полиција за младиот човек кој сруши зграда

Гледал филм, па пукал од ракетен фрлач: Српската полиција за младиот човек кој сруши зграда
Ss2

Поголемиот дел од жителите на Платичево не ни знаеле што се случило денеска додека полицијата не дошла на местото на настанот, каде околу 14 часот и 15 минути се случил инцидент, по што бил уапсен П.Н.. Како што неофицијално дознава „Нова.рс“, станува збор за млад човек кој неодамна бил пуштен од невропсихијатриска болница кој прво ја запалил напуштената зграда, а потоа внатре гаѓал со рачен ракетен фрлач.

dobivaj vesti na viber

„Не слушнав никаква експлозија. Почувствував дека нешто се случува кога дојдоа голем број полицајци, а дојдоа и болничарите. Слушнав дека лицето не е од тука, а не знам зошто поминал толку долг пат“, вели една жена која живее во близина на железничката станица, во близина напуштената зграда.

300x250 (7)

П.Н. наводно изјавил дека гледал филм на телевизија во кој имало пожари и пукотници, па решил да види како тоа изгледа во реалноста, пренесуваат медиумите во соседството.

Областа се уште ја обезбедува полицијата.

„Припадници на МВР Рума го уапсија П.Н.(1998), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и тешки дела против општата безбедност.

Tој e осомничен дека денеска околу 14 часот испукал проектил од рачен фрлач во напуштената зграда на старата железничка станица во Платичево, општина Рума. Повредени нема, а во околината на тој објект нема други станбени објекти. На осомничениот, по наредба на Вишото јавно обвинителство Сремска Митровица, одредена му е мерка притвор во траење до 48 часа“, се вели во соопштението на српското МВР, пренесува медиумот.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња