Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Ќе ја разоружаме Србија, ќе се одземат 90 отсто од дозволите за оружје

Брнабиќ: Ќе ја разоружаме Србија, ќе се одземат 90 отсто од дозволите за оружје
Ss2

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека актуелната влада ќе ја разоружа Србија и дека ќе бидат одземени 90 проценти од дозволите за оружје, со што сите ќе се чувствуваат побезбедно.

dobivaj vesti na viber

На седница посветена на безбедносната ситуација во земјата, Брнабиќ им рече на претставниците на опозицијата дека Србија постигнала најголем број дозволи за оружје во 2008 година, кога, како што рече, на власт биле оние кои денес се борат против насилството.

300x250 (7)

Како што наведе таа, тогаш имало 1.172.468 дозволи, додека во 2013 година таа бројка е намалена на под 800.000.

„Значи, сериозно и одговорно ја завршивме нашата работа. Кога ќе погледнете што беше и што правевме, системот овде не пропадна. Но да, сега ќе ја разоружаме Србија, ќе одземеме 90 проценти од оружјето и сигурно сите ќе бидеме побезбедни“, рече премиерката.

Оцени дека опозицијата се обидува да манипулира со бројките за да покаже дека некој бил неодговорен и не направил нешто.

„Никој досега не го направи тоа во Србија. И никаде во светот. Да се ​​политизира ситуацијата на тој начин“, смета таа.

Како што рече, за владата, како извршна власт, нема слушнато никаков предлог на мерки за борба против насилството, освен за смена на министерот за внатрешни работи, кој, како што смета, добро си ја врши работата.

Што се однесува до барањето за смена на директорот на БИА, Брнабиќ оцени дека тој нема никаква врска со трагедиите што се случиле.

„Сите вие овие денови не ни дадовте ниту еден конкретен предлог што да правиме и како да го намалиме насилството во Србија. Како да ги натераме децата и нивните родители да се чувствуваат побезбедно. Сите предлози беа политички и тоа кажува многу за карактерот на вашиот протест“, заклучи премиерката, пренесуваат српските медиуми.

Ss1

Можете да прочитате

Глобалниот капацитет на електрани на јаглен во 2023 година на највисоко ниво на сите времиња

Цивилна одбрана во Газа: Речиси 400 тела пронајдени во масовна гробница во болница

Европскиот парламент отвора нова канцеларија во Западен Балкан за да го зајакне надзорот над проширувањето