Утрински Весник
Култура

Германскиот филм за деца „Макс и бесната дружина“ во кината

Германскиот филм за деца „Макс и бесната дружина“ во кината
300x250 (7)

Детскиот германски филм „Макс и бесната дружина“, во режија на Винфрид Елснер, од утре ќе игра во повеќе киносали во Републиката. Проекциите почнуваат утре во 18.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје и во 19 часот во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар. Задутре и в сабота, пак, „Макс и бесната дружина“ ќе се прикажува во Кинотеката од 15 часот, како и во Центарот за култура Битола од 18.30 часот. Проекции на филмот ќе има и во Културен и информативен центар „Македонска Каменица“ на 25 овој месец, како и во Доотм на култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци и во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино до крајот на јануари.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за крими-авантуристички семеен филм по сценарио на Винфрид Елснер и Лиса Мари Дикрајтер. Филмот имаше премиера на фестивалот „Блек најтс“ во Талин во 2020 година и беше номиниран за награда. Улогите ги толкуваат Јона Ајзенблетер, Уши Глас, Мариа Хаалмер, Томас Тиме, Стела Брикнер, Алвара Хефелс, Нина Петри, Лео Ницка.

Ss1

Младиот протагонист е деветгодишниот Макс, кој живее во дом за стари лица, сместен во замокот Геролдсек, каде што мајка му работи како медицинска сестра. Макс исто така забележува дека нешто чудно се случува во старите ѕидови на домот. Изгледа дека мистериозен крадец краде скапоцености од собите на жителите среде бел ден. Меѓу осомничените е и мајката на Макс, на која ѝ се заканува отказ. Тој бргу ќе се спријатели со неколкумина од постарите жители на домот: актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, попознати како бесната дружина. Заедно ќе го изведат вистинскиот крадец пред лицето на правдата.

Дистрибутер на филмот е „Катавеј“, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од „Герман филмс“ и потпрограмата „Медија Креативна Европа“.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“