Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Whatsapp image 2026 09 28 at 09.10.16.jpeg

Општина Центар, во соработка со Центарот за асистивна технологија на здружението „Отворете ги прозорците”, обезбедува бесплатна и индивидуализирана стручна поддршка за деца и млади со различни видови попреченост и за нивните семејства.

„Силно го поддржуваме овој проект. Вложуваме во дигиталната инклузија бидејќи достапноста до интернет и дигиталните алатки значи полесна комуникација, учење и поголема независниост за нашите деца и млади. Интернетот е прозорец кон светот, а наша обврска е тој свет да биде достапен за секое дете и секој млад човек”, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.


Во Центарот, секое дете добива поддршка приспособена на неговите способности, потреби и лични цели, со што полесно комуницира, учи, се вклучува во образованието и станува посамостојно во секојдневниот живот, велат од Здружението.

Асистивната технологија се избира и прилагодува за секое дете посебно. Стручниот тим ги приспособува компјутерот, софтверот и апликациите, за корисниците полесно да читаат, пишуваат, учат и работат.

Родителите добиваат совети и насоки како технологијата да ја користат и дома, со што поддршката продолжува и во секојдневниот живот.

Со оваа соработка, Општина Центар создава поголеми можности за децата со попреченост да ги развиваат своите способности, да стекнуваат самодоверба и да бидат поактивни и посамостојни.

Можете да прочитате

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Отстранети дивите тезги кај Бит пазар, одземени околу 500 килограми храна

Се отстрануваат дивите продавачи на Бит-пазар, овој дел едвај прооден