Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Пет нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

Bogdanka kuzeska.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси.


Додека надвор вели дека Македонија не е сериозна држава, додека ги навредува граѓаните дека се талог, сериозно ги распродава водата, земјата, рудата.

За туѓи интереси и профити, на штета на најважното – здравјето на луѓето.

Во тек е голема пљачка на Македонија!

Пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.

Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и испоп.

Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот.

Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето.

Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени.

За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзвува крај со крај.

Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен.  Нема економски политики, има грабеж!

ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила. 

Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите.

Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето.

Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротистави.

Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците.

Можете да прочитате

Голема полициска акција – пронајдено оружје и знаме на ИСИС

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него