Утрински Весник
Свет

Фицo го чека уште една операција

Fico.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словачкиот премиер Роберт Фиц, на кого вчера беше извршен атентат во градот Хандлови, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда.

Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но му претстои операција на колкот.

Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со умисла и тој се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.

Напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра,

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но се уште е тешкасостојба, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Два медицински тима го оперираа словачкиот премиер пет часа.

– Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба – изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за национална безбедност, а Владата ќе одржи седница.

Министерот за внатрешни работи најави дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми.

Напаѓачот пукал пет пати, по што полицијата веднаш го привела и премиерот веднаш бил префрлен во болницата во Банска Бистрица.

Можете да прочитате

Медведев: Можам да замислам операции за киднапирање на Мерц и други светски лидери

Трамп: Сами проценете што значат акциите во Венецуела за Гренланд

Илјадници куќи во Берлин без електрична енергија, власта ги обвинува екстремистите