Утрински Весник
Македонија

21 возач уапсен во изминатите 24 часа

Liseni od sloboda dve lica vo skopje vo vozilo pronajdeni okolu 90 pratki stoka bez soodvetna dokumentacija vozacot upravuval bez vozacka dozvola image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи и со еден е извршен службен разговор  поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.М.(41) од с.Сарај, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, Х.Ш.(35) од с.Неготино, гостиварско, 16-годишник од с.Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С.(31) од с.Ковач, Оштина Македонски Брод, А.Д.(32) од с.Корошишта, струшко, Ќ.С.(62) од Градско, Е.Ј.(27), Е.Д.(43) и Н.Ј.(22), сите од Скопје, од кои Н.Ј. возел и со брзина поголема од дозволената.  


Исто така, полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител,  извршиле службен разговор со 16-годишник од с.Приковци, кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола.

Под дејство на алкохол возеле 10 лица и тоа:  Д.Д.(39) од кумановско, С.К.(40) од с.Ињево, радовишко, Г.И.(31) од с.Дулица, Општина Македонска Каменица, О.В.(27) од Македонска Каменица, М.У. (44) од Кичево,  Д.М.(24) од с.Брвеница, тетовско, З.С.(54) од Скопје, Н.З.(64) од Битола,  А.Н.(46) од Прилеп и С.Ј.(66) од с.Селце, прилепско.   
Додека пак, лицето В.Д.(37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б категорија. 

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај

Можете да прочитате

Двајца велешани измамиле пензионер за 5000 евра

На аеродромот во Скопје уапсен француски државјанин баран со потерница

Левица: Помилуван од Иванов, вработен од Мицкоски, сега директор на Шутка – ДПМНЕ си ги чува своите кадри