Утрински Весник
Балкан

(Видео) Масовна тепачка во Нови Сад помеѓу членови на СНС и претставници на Студентската листа

748335 mixcollage 30 sep 2026 07 33 am 7713 f.jpg

Тежок инцидент се случил синоќа во Нови Сад кога дошло до физичка пресметка помеѓу членови и симпатизери на владејачката СНС и претставници на студентското движење.

Тепачката се случила во центарот на градот откако прво вербално бил нападнат носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ.


Потоа доаѓа до мешаница и размена на удари помеѓу вмешани лица од двете страни.

Според информациите од српските медиуми, најдебелиот крај го извлекла советничка од СНС која добила тупаница во лице.

Во Србија во тек е предизборната кампања а парламентарните избори се закажани за 25 октомври.

Можете да прочитате

Вучиќ првпат говореше како опозициски пратеник и веднаш влезе во расправија

Загина пилот при пад на воен „МиГ-29“ во Србија, формирани комисии за истрага

Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт пред конститутивната седница на српскиот парламент