Утрински Весник
Македонија

Фетаи претседаваше со Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата

Fetai miczkovski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес се одржа конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи.

На овој настан се обратија премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија Михаелис Рокас, заменик-шефицата на мисијата на Амбасадата на САД Никол Варнес и амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал.


Во текот на дискусијата беше нагласена ниската имплементација на Стратешката државна стратегија за борба против корупцијата, со само 18% од планираните активности реализирани во изминатата година. Дополнително, се разговараше за содржината на новиот предлог-закон за спречување на корупцијата и потребата од измени во Правилникот за работа на Меѓуресорското тело, со цел да се обезбеди: поефикасна меѓуинституционална координација, редовен мониторинг на напредокот, рана идентификација на застои, и забрзување на заедничките напори во борбата против корупцијата.

„Корупцијата е национална вонредна состојба. Статус кво-то заврши,“ истакна заменик-претседателот на Владата Фетаи пред присутните, додавајќи дека преку конкретни дела ќе докажеме дека никој не е над законот.

„Ќе работиме тесно со сите институции, со нашите меѓународни партнери и со граѓанското општество за да изградиме обединет фронт против криминалот и корупцијата – носејќи опипливи резултати во согласност со очекувањата на нашите граѓани,“ вети Фетаи.

Можете да прочитате

Лишен од слобода возачот кој денеска попладне со возило во скопски Чаир удри во дете и избега

Ги нападнал малолетните деца и сопругата, со помош од фамилијата нападнал и полицајци: кривична за тројца кумановци

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка