Утрински Весник
Македонија

Донесени се измените на Законот за средно образование

Sobranie1.webp.webp

Собранието попладнево, во рамки на 42 седница, го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, кој беше изгласан со двојно гласање односно и со гласовите на присутните пратеници кои им припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државава.

Со измените се дефинираат одредби со кои средното образование се уредува како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици, вклучително и деца со попречености, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост.


Се воведуваат одредби за кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Со новиот закон се воведува и нова Концепција за испити на крајот на средното образование, а првпат во средните училишта се овозможува ученичко организирање и учество.

Минатиот вторник пратениците по скратена постапка  донесоа шест закони од образованието –  Законот за субвенциониран студентски оброк, со којшто се зголемува опфатот на корисници на студентски оброк, како и измените на Законот за основно образование и Законот за учебници за основно и средно образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за просветна инспекција и Законот на Бирото за развој на образованието.

Можете да прочитате

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи

ДУИ: Повик на институциите да го почитуваат законот и Уставот, да го запрат јазичниот дискриминациски курс