Утрински Весник
Свет

ЕУ бара од Албанија да врати 33,5 милиони евра

Eu 1.webp.webp

ЕУ бара од Тирана, да се вратат 33,5 миилиони евра од програмата ИПАРД 2 веднаш да се вратат. Барањето следува откако е утврдено дека нерегуларно биле искористени во периодот на 2020 – 2022 година.

„Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) откри 52 случаи на злоупотреба на земјоделските фондови што ЕУ ги обезбедува за албанските земјоделци и земјоделско-прехранбениот сектор“, наведува весникот во написот под наслов „Скандал! ЕУ откри масовна злоупотреба: Албанија треба да врати 33,5 милиони евра“.

Весникот пренесува изјава на Европската комисија дадена за А2 CNN во која категорично се нагласува дека секој износ на средства што се користи на нерегуларен начин ќе биде вратен, додавајќи дека „Албанија мора да го третира ова прашање со најголема сериозност.“

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот