Утрински Весник
Магазин

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

Al2r9yuacp iskusen italijanski gotvac dade originalen recept za lazanja so ovaa podgotovka za testo jadenjeto ke bide meko i vkusno.jpeg

Жена од Западна Австралија е обвинета за обид за труење на колешка, со која наводно била во врска. Според полицијата во оваа австралиска сојузна држава, напаѓачката ставила гранули за убивање полжави во кари што го подготвила жртвата. Немилиот настан се случил во февруари, кога жртвата го донела ручекот на работа и го споделила со колегите, пренесува „Би-би-си (BBC)“.

Откако јаделе заедно претпладнето, 58-годишната жртва се вратила подоцна за да си го дојаде остатокот од оброкот. Тогаш забележала светлозелени точки во храната. Таа го пробала јадењето и веднаш почувствувала пецкање на јазикот, по што престанала да јаде. Набргу ја предала сомнителната храна на полицијата.


По повеќемесечна истрага, против напаѓачката – 43-годишна, е поднесено обвинение. Форензичката анализа потврдила дека гранулите пронајдени во храната содржат металдехид – високотоксична супстанција што се користи во средствата за уништување полжави. Полицискиот комесар Кол Бланч изјави за новинарите дека металдехидот може да предизвика сериозни повреди, па дури и смрт, пренесува „Севен нетворк (Seven Network)“.

– Исклучително сме благодарни што лицето кое го пробало јадењето веднаш сфатило дека нешто не е во ред, изјави Бланч.

Од полицијата наведуваат дека обвинетата – чие име не е објавено, пред настанот, отишла во просторијата за складирање хемикалии, а потоа се вратила во просторијата за вработени, каде што се чувало јадењето. Таа се товари за загрозување на животот, здравјето или безбедноста на друго лице, а нејзиното појавување пред судот е закажано за 5 ноември.

Можете да прочитате

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади