Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

Mickoski.webp.webp

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата, напиша премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод Денот на народното востание – 11 Октомври. 

„Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.


Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено.

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи.

Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!“, напиша Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

Можете да прочитате

Левица го одбележа 85-годишниот јубилеј на антифашистичкото востание во Прилеп

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија