Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола

Esm 960x495 1.jpg

АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик, соопштија од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки, а итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“.


За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“ и според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот, посочија од АД ЕСМ.

Можете да прочитате

Рудар тешко повреден додека извшувал работни задачи

Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен 

ВРЕДИ: ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција