Утрински Весник
Македонија

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Bujar Osmani Utre Vo Ofitsijalna Poseta Na Turtsija.jpg

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, најави дека партијата очекува предвремени парламентарни избори веќе следната пролет и потврди дека имало комуникација со претставници на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема.

Во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Османи беше прашан дали ДУИ бара предвремени избори и дали за тоа разговарале со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.


„Да, бараме“, одговори Османи, коментирајќи ја и претходната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку опозицијата побара избори, ВМРО-ДПМНЕ нема да бега од нив.

Според Османи, комуникација меѓу политичките партии веќе имало во различни форми, а неговата проценка е дека кај ВМРО-ДПМНЕ нема голем отпор кон можноста за предвремено парламентарно гласање.

„Нормално, во различни форми се комуницирало и кај нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И, ние се подготвуваме за тоа“, изјави Османи.

Сепак, тој не откри со кого конкретно се воделе разговорите, ниту дали биле одржани официјални состаноци меѓу претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

На директното прашање дали имало официјални средби, Османи не сакаше да навлегува во детали.

Со ова, ДУИ јавно го отвора прашањето за предвремени парламентарни избори, а според најавите на Османи, партијата веќе се подготвува за можноста граѓаните повторно да излезат на гласање следната пролет.

Можете да прочитате

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата