Утрински Весник
Македонија

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Ldp logo.png

Соопштение за јавност на ЛДП:

Поминаа 5 денови, а ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не дава одговор за злоупотребата на скратената постапка, во која Собранието се користи како брза лента за штанцање системски „ad hominem” закони со кои се намалуваат критериуми и се бришат услови за да му се погоди на еден партиски фаворит.

„Владејачките” мислат дека народот страда од амнезија и заборави што зборуваа на митинзи додека беа во опозиција и во изборните кампањи. Сѐ она што од опозиција го критикуваа, како „партиски инженеринг”, „закони скроени по мерка на поединци” и деградација на институциите, денес без срам го прават, усовршено до сопствен минимум на достоинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да кажат зошто се бришат специфични услови и критериуми во Законот за извршување на санкции, но и зошто се заобиколуваат сите системски филтри и законот наместо Владата, да го поднесе група пратеници, без објава на ЕНЕР, без 20 дена за јавна расправа и свесно избегнување на Проценката на влијанието на регулативата (ПРИ).

Пратениците во Собранието оваа недела имаат вистинска шанса, наместо да гласаат скроени по мерка закони со кои ќе се нанесе непоправлива штета на институциите, можат да ги усвојат законите со кои ќе се укинат двојните државјанства на сите функционери, пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии.

ЛДП бара наместо брзоплето носење на Законот за Пандов, конечно да се ограничи поседувањето на повеќе државјанства на функционерите и да покажат дека навистина се грижат за иднината и за доброто на граѓаните во државата.

Сѐ останато е остварување на лични и теснопартиски интереси, без обѕир кон граѓаните, кои наместо резултати, должни се секојдневно да бидат „труени” со стотици партиски соопштенија за тоа како сме „најдобри во Европа”, платени со пари од директно од нивниот џеб.

Можете да прочитате

Полски државјанин тешко повреден по пад од четирицикл кај охридско село

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

Детали од МВР: Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон петмина, загина 26-годишник во Скопје