Утрински Весник
Свет

Речиси половината земјоделци во светот се соочуваат со акутно труење со пестициди

20260902122437 big 730x400 42.webp.webp

Речиси половина од земјоделците и земјоделските работници ширум светот секоја година имаат акутно труење од пестициди, покажуваат објавените резултати на истражување, со кое е опфатен периодот од 2006 до 2023 година.

Секоја година се случуваат од 402 милиони до 433 милиони случаи на ненамерно акутно труење со пестициди. Со околу 934 милиони вработени во глобалното земјоделство, тоа значи дека се погодени околу 46 проценти од земјоделците и работниците.

Најголемиот дел од погодените земјоделците и земјоделските работници се соочуваат со симптоми како губење свест, повраќање, треперење на мускулите, конвулзии и главоболки. Истражувачите нагласуваат дека реалните бројки за акутни интоксикации веројатно се уште повисоки, бидејќи многу земјоделци во неразвиените рурални средини немаат пристап до лекарска помош и никогаш официјално не го пријавуваат труењето.

Според истражувањето, најголем број на труења со пестициди регистрирани се во Јужна Азија, потоа следат Југоисточна Азија и Источна Африка. Најголем број труења од пестициди е забележено во Буркина Фасо, каде што речиси 84 проценти од земјоделците и земјоделските работници биле изложени на пестициди.

Се проценува дека од труење со пестициди годишно умираат околу 11.000 луѓе, од кои 60 проценти во Индија.

Во истражувањето, нарачано од Мрежата за акција против пестицидите (Pesticide Action Network), се посочува и дека во 2023 година во светот биле употребени 3,8 милиони тони пестициди односно двојно повеќе во споредба со 1990 година.

Авторите на истражувањето повикуваат на итна акција, вклучително и спроведување на препораките на Обединети нации за постепено укинување на особено опасните пестициди.

Можете да прочитате

Две жртви во израелски напад врз Појасот Газа

Јамајка ќе поднесе барање до кралот Чарлс за репарации поради ропството

Кушнер: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина и да се фокусира на инвестиции