Утрински Весник
Македонија

Кривични за двајцa кавадарчани, едниот запалил душек и предизвикал пожар, другиот го напуштил работното место по што избил голем пожар

Pozar 3.webp.webp

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 20.08.2026 на депонија во Кавадарци, пријавениот запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал и на тој начин го сторил делото.

Исто така, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.С.(58) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик. Имено, В.С., кој бил вработен како чувар на депонијата Мелци, на 25.08.2026 го напуштил своето работно место, со што извршил пропуст при вршење надзор и во тој период настанал пожар на депонијата од поголеми размери.

Можете да прочитате

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Еден загинат и тројца повредени е епилогот од вчерашната сообраќајка кај Стража

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!