Во екот на одбележувањето на Неделата на ЕРАЗМУС + (13-19 Ноември 2024), ЕУ иницијатива за образование, обука и млади, Стопанската Комора на Мал Бизнис (SBCh) во соработка со партнерите при меѓународниот проект Green MiCred, Општина Илинден и Институт за Развој на Заедницата од Тетово, организираше јавен настан наменет за академската, деловната заедница и невладиниот сектор.
Работилницата “Зелени Вештини за Одржлив Развој на Компанијата“ има директен импакт на поширок круг на стекхолдери, директно засегнати во проблематики во домен на зелената транзиција а притоа иницирање на позитивно влијание и одржливост во преземените чекори.
Агендата на настанот беше целосно посветена на европските стандарди и регулативи поврзани со одржливиот развој, зелените вештини и потребата за еднаков придонес на секој поединец во зелените општествено одговорни практики.
Додадената вредност на настанот е создавање на клучни пораки од различни засегнати страни и општествени чинители кои суштински мора да допрат до креаторите на јавните политики за подобро зелено општество.
Работилницата е во директна корелација со промовирање на новиот European Sustainability Reporting Standard (ESRS) во подготовката на годишните ESG извештаи за одржливост.
Крајната цел на ова вмрежување е иницирање меѓународни проекти за одржлив развој и зелени политики. Дополнително, беа промовирани неколку ЕУ и ЕРАЗМУС + проекти во кои е активно инволвирана Стопанската Комората на Мал Бизнис (SBCh), со цел да се промовираат позитивни практики.
На настанот, со поддршка кон младите и одржливоста, промовирани се обуки за унапредување на зелените вештини. Осврт е поставен кон градежниот сектор со рамка на делување за 2025 година, во соработка со партнерите на Комората при меѓународниот проектот Green MiCred Pathways, во Шпанија, Ирска, Бугарија, Шведска и Латвија, а притоа наменети за унапредување на зелените вештини и практики.
Дополнително, беа промовирани и можностите за учество во 70 on-line обуки за поддршка на развојот на одржливите деловни практики и инвестиции при Erasmus + проектот Catalyst, каде што како еден од партнерите се јавува и Стопанската Комора на Мал Бизнис.
Поради големиот интерес и посетеност, во тек е процес на пријавување на дополнителен настан од серијалот на промоција на зелените вештини и агендата на зелена одржливост.
Следната работилница “GREEN TRANSITION SKILLS” ќе се оддржи на 1ви Ноември 2024 година во просториите на Општина Илинден.