Утрински Весник
Свет

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, навести дека, доколку Европската Унија ѝ дозволи на Канада да стане придружна членка, тоа би можело да се смета за „непријателски акт“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека сака да отвори можност Канада да стане првата „придружна земја-членка“ на Европската Унија. Истовремено, Трамп се закани дека на таков потег би одговорил со воведување дополнителни царини за Унијата.


– Ако намерите се добри – добро. Ако се лоши, ќе воведеме многу високи царини за Европа, изјавил Трамп по однос „намерите“ на европските лидери.

Тој исто така ја остави отворена можноста САД да ја прекинат трговијата со Европа во одредени сектори. Трамп ја оцени можноста Канада да и се приклучи на ЕУ како „смешна“ и својот северноамерикански сосед го нарече „ужасен трговски партнер“.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа