Утрински Весник
Македонија

ERAZMUS + Mobility зелени вештини за млади

Img 20241018 121550.jpg

Во екот на одбележувањето на Неделата на ЕРАЗМУС + (13-19 Ноември 2024), ЕУ иницијатива за образование, обука и млади, Стопанската Комора на Мал Бизнис (SBCh) во соработка со партнерите при меѓународниот проект Green MiCred, Општина Илинден и Институт за Развој на Заедницата од Тетово, организираше јавен настан наменет за академската, деловната заедница и невладиниот сектор.

Работилницата “Зелени Вештини за Одржлив Развој на Компанијата“ има директен импакт на поширок круг на стекхолдери, директно засегнати во проблематики во домен на зелената транзиција а притоа иницирање на позитивно влијание и одржливост во преземените чекори.

Агендата на настанот беше целосно посветена на европските стандарди и регулативи поврзани со одржливиот развој, зелените вештини и потребата за еднаков придонес на секој поединец во зелените општествено одговорни практики.

Додадената вредност на настанот е создавање на клучни пораки од различни засегнати страни и општествени чинители кои суштински мора да допрат до креаторите на јавните политики за подобро зелено општество.

Работилницата е во директна корелација со промовирање на новиот  European Sustainability Reporting Standard (ESRS) во подготовката на годишните ESG извештаи за одржливост.

Крајната цел на ова вмрежување е иницирање меѓународни проекти за одржлив развој и зелени политики. Дополнително, беа промовирани неколку ЕУ и ЕРАЗМУС + проекти во кои е активно инволвирана Стопанската Комората на Мал Бизнис (SBCh), со цел да се промовираат позитивни практики.

На настанот, со поддршка кон младите и одржливоста, промовирани се обуки за унапредување на зелените вештини. Осврт е поставен кон градежниот сектор со рамка на делување за 2025 година, во соработка со партнерите на Комората при меѓународниот проектот Green MiCred Pathways, во Шпанија, Ирска, Бугарија, Шведска и Латвија, а притоа наменети за унапредување на зелените вештини и практики.

Дополнително, беа промовирани и можностите за учество во 70 on-line обуки за поддршка на развојот на одржливите деловни практики и инвестиции при Erasmus + проектот Catalyst, каде што како еден од партнерите се јавува и Стопанската Комора на Мал Бизнис.

Поради големиот интерес и посетеност, во тек е процес на пријавување на дополнителен настан од серијалот на промоција на зелените вештини и агендата на зелена одржливост.

Следната работилница “GREEN TRANSITION SKILLS” ќе се оддржи на 1ви Ноември 2024 година во просториите на Општина Илинден. 

Можете да прочитате

СДСМ: Од наводен коректор на политиките на Владата, ЗНАМ се претвори во гума за бришење

Ако сакате да се откажете од пушење свртете на телефон во Институт за јавно здравје

Првпат во Македонија дијагностицирана ретката генетска болест фабри