Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.


Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен.

Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура  граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови.

ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил  и ризик од  губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. 

Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет?

СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните.

Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична  одговорност. СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото.

4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ.

Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна.

Можете да прочитате

До 7:30 часот активни три пожари

Претрес во Битола, најдено оружје, уапсено едно лице

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон