Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ И УТРЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ – Утре попладне можна е изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град

Gfs 0 12.png

До крајот на денов, како и утре продолжува екстремно топлиот бран од Африка, па така и температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, тие во поголем дел од државава ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните како и во југоисточните предели од државава локално ќе се искачат до, па и над 40 степени.

Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности. Покрај топлотниот бран, во воздухот е присутно и поголемо количество на Сахарска прашина и песок, па токму поради ова и атмосферата е доста заматена, а сонцето го чувствуваме како да е од под облак, а времето е многу мачно и спарно.

Сепак, поради развивање на секундарен висински циклон над Средоземјето, од утре попладне атмосферата во Македонија полека ќе почнува да се дестабилизира, па така утре попладне можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на крупен град.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја