Утрински Весник
Свет

Пожари беснеат во Турција: Најмалку 5 лица загинаа, десетици се повредени

Vnoxc .jpg

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени, од кои 10 потешко, во шумските пожари што во текот на ноќта зафатија неколку села во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 потешко, кога пожарот зафати две области во близина на градот Мардин на југоистокот од земјата, напиша министерот за здравство Фахретин Коча на платформата Икс.

Најголемиот пожар избувна во областа меѓу Мардин и Дијарбекир.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 41 возило и 150 луѓе, јавува Анадолија.

Можете да прочитате

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа