Утрински Весник
Свет

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип

Picture 1237 660x498 1.jpg

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) денеска соопшти дека траги од птичји грип се пронајдени во еден од секои пет тестирани примероци на пастеризирано млеко за продажаба, со што се добиле изненадувачки докази дека вирусот најверојатно е раширен меѓу американските говеда.

Сепак, од Агенцијатa изјавија дека не постои причина да се верува дека вирусот најден во млекото е ризичен по здравјето на луѓето.

– Ова само укажува дека вирусот силно навлегол кај добитокот низ целата земја, изјави д-р Мајкл Естерхолм, експерт за инфективни заболувања во Универзитет на Минесота, пренесоа некои американски медиуми.

Според експертите, процесот на пастеризирање го прави вирусот неефективен. Сепак, од ФДА укажаа дека треба да се направат дополнителни тестови за да се утврди дека во млекото нема инфективен вирус.

– Досегашните испитувања на млекото што е во широка потрошувачка немаат резултати кои ќе ги променат нашите оценки дека млечните продукти во продажба се безбедни за употреба, изјавија од ФДА.

 Според Министерството за земјоделство, осум сојузни држави досега потврдиле случаи на птичји грип кај 33 стада на говеда, додека има потврда дека само едно лице, фармер од Тексас, било заразено од епидемијата.

Можете да прочитате

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин