Утрински Весник
Македонија

Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот

20240501113639 Big 730x400 65.webp.webp

Ние денеска нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада, ќе имаме нова влада во текот на следниот месец. Бараме од сите тие што претендираат да бидат носители на таа влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас, изјави денеска претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски.

Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе се придружат на денешниот најавен протест, Ралповски рече дека тие имаат направено стотици протести во државата во изминатите шест-седум години.

-Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат соите права. Но, мислам дека во иднина ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации дека да, за некој е вистинско право, а не изнудено право дека можеме заедно да излеземе низ улиците и да си ги бараме своите права, нагласи Ралповски.

Тој појасни дека на денешниот протестот организиран од Сојузот на синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај нема да излезат 11 грански синдикати – Самостојниот сидникат на образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации на Република Македонија…

Ралповски додаде дека на денешната свечена првомајска академија, што се одржува во просториите на СОНК, биле поканети сите политички партии за да ги презентираат своите економски програми. Поканата ја прифатиле само ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија!.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница