Утрински Весник
Македонија

Ќе има јавно наддавање: „Соравиjа“ оди на продажба преку извршител

Soravia 780x470 1.png

Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба деловната зграда „Соравија“ во строгиот центар на Скопје.

Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата „Соравија инвест“, што го поседува овој објект. Станува збор за доверителот „Прва инвестициона банка“ од Бугарија засновано на извршна солемизација на договор за залог од 2.9.2022 година против должникот „Соравија инвест“.


Јавното наддавање на недвижниот имот на „Соравија“ е закажано за 24 април и за него се бара почетна цена 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање.

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество