Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Мојата плата во ССМ е 60.000 денари, за 60.000 денари ја ставам главата во торба

Slobodantrendafilov 5.jpg

Платата моја, на Слободан, е 60.000 денари, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Поединци во ВМРО-ДПМНЕ кажуваат дека со 60.000 денари, претседателот на ССМ се луксузира, не знам што прави. За 60.000 денари си ја ставам главата во торба за борба за подобри плати на работниците. Кога видоа дека нема никаков контраефект, кон ССМ и кон мене како личност, излегоа на телевизија и кажаа да платата ми била 75.000 денари и сум имал некакви приходи од неколку милиони денари, па си ги собираат, за 12, за 18 месеци и слично“, рече Трендафилов.


Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна