Утрински Весник
Македонија

Две држави се понудиле да пружат посериозна и подолготрајна терапија за пациенти од пожарот во Кочани

Bolnica Srbija 2.jpg

Две држави понудиле да пружат „посериозна и подолготрајна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

„Два центри каде што работиме да биде рехабилитацијата на пациентите се: едниот Ковид-центар во ГОБ „8 Септември“ и вториот ќе биде Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тие ќе бидат два главни центри. Да се надеваме што помалку пациенти ќе има што ќе им треба подолготрајна рехабилитација. На тие на кои ќе им треба и посериозна и подолготрајна, веќе имаме понуди од две држави“, информираше Таравари.


Доколку има многу тешки случаи, како што посочи министерот, „една од можностите е да ги испратиме во странски држави без да плати Фондот или Министерството за здравство“.

реклама

Претходно денеска од Министерството за здравство информираа дека пристигнати се тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници, кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.

Можете да прочитате

ДУИ: Повик на институциите да го почитуваат законот и Уставот, да го запрат јазичниот дискриминациски курс

Во НУБ „Климент Охридски“ одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Одбележување на Денот на планетата Земја